Skip to main content

Влен ги осуди изјавите на Костадинов за припојување на Македонија кон Бугарија

ВЛЕН изразува загриженост и ги осудува изјавите на некој маргинален проруски политичар во Бугарија кој тврди дека „нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија”.

Ваквите изјави не придонесуваат кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји, ниту пак го олеснуваат процесот за интеграција на Македонија во Европската Унија. Сакаме да потсетиме дека Бугарија, со Договорот за добрососедство, се обврза да биде партнер, промотор и поддржувач на Македонија на патот кон членство во Европската Унија.

Коалицијата ВЛЕН во рамки на Владата вложува сериозни напори за отстранување на пречките за исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ. Но, ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Македонија кон целосна интеграција во европското семејство. ВЛЕН ќе продолжи да работи на заштита на интересите на граѓаните на Македонија и на обезбедување сигурен пат кон европските интеграции.

Поврзани вести