
Заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков денеска ќе се обрати на Втората седница на Националниот совет за евроинтеграции.
Заменик-министерката за европски прашања, Трајков на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции ќе ги претстави приоритетите на нашата држава во однос на евроинтеграцискиот процес.
Трајков учествуваше и на Првата седница на Националниот совет за евроинтеграции, каде на дневен ред беше Извештајот на Европската Комисија за нашата земја за 2024 година.