
На вчерашната седница во Собранието за интерпелација на петмината членови на Судскиот совет, беше изгласена недоверба на Весна Дамева поранешната претседателка на Судскиот совет како и на Црвенковска и Адеми.
Поранешната претседателка на седницата на која го одржа својот комедичен говор во кој наведе дека таа и нејзиното семејство биле мета од страна на јавноста дојде во прилично на прв поглед скромно одело, се додека не падна во око нејзината чанта која беше доволно впечатлива за да и се посвети доволно внимание за анализа.
Станува збор за Гучи чанта која според информациите од интернет чини од над 3.000 американски долари.