Skip to main content

Утврдена неправилност кај еден оператор со храна при вонредни контроли на АХВ во зимските центри

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спровела вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри.

Како што соопшти АХВ, контролирани биле вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.

Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна. За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрација, стои во соопштението на АХВ.

Кај другите контролирани оператори со храна, како што додаваат оттаму, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната.