Skip to main content

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

Фото: Министерство за одбрана

Турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм минатата недела се испорачани во Македонија, а официјалната нивна промоција ќе се одржи следниот месец, потврди за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски. 

Детали за договорот не може да се соопштат, вели Мисајловски, бидејќи тој е класифициран. 

Информцијата дека Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм ја соопшти турското Министерство за одбрана.

 – Честитки до сите што придонесоа за овој успех, кој има големо значење со оглед дека станува збор за прв извоз на нашите хаубици во Европа, се посочува во соопштението на турското Министерство. 

Договорот за испорака на хаубиците е потпишан на 21 декември 2022 година, а тие се испорачани заедно со соодветна муниција.

БОРАН се смета за најлесната хаубица во својата класа и може да се транспортира со хеликоптер, што ја прави особено погодна за мобилни операции. Има дострел до 17 километри и може да се распореди за една минута. 

Поврзани вести