Skip to main content

Tошковски во Грција каде почнува работата на повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос

Македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и грчкиот министер за внатрешни работи Тодорос Ливаниос денеска во Преспес, Грција ќе го одбележат почнувањето на работите финансирани од ЕУ во Грција, за повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос.

Како што е познато, градежните работи на македонска страна за изградба на нова царинска зграда на граничниот премин Маркова Нога почнаа пролетоска и се очекува да завршат во 2026 година, за што од програмата ЕУ за Преспа издвоени се два милиони евра.

foto MIA

Работите финансирани од ЕУ во Грција ќе се одвиваат преку проектот БорПрес2 за прекугранична соработка од стратешко значење за да се опфати изградба на нова царинска и полициска контролна зграда во Лемос, Грција, како и реновирање на постојната полициска станица во Маркова Нога. За оваа намена се издвоени 7,7 милиони евра во рамките на програмата ИНТЕРРЕГ финансирана од ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, а временскиот рок за работите е 36 месеци.

Двојното финансирање од ЕУ за граничниот премин Маркова Нога – Лемос има цел да го стимулира економскиот развој на регионот Преспа/Преспес.

На настанот во Лемос ќе присуствува и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.

Поврзани вести