
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со Золт Бунфорд, специјален пратеник за Западен Балкан на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Од МВР соопштија дека на средбата била потврдена одличната соработка помеѓу двете Министерства и двете Влади, при што двете страни ја потенцирале меѓусебната доверба, поддршка и соработка во натамошното промовирање на истите.

Министерот Тошковски изразил благодарност за меѓусебната посветеност, но и за братскиот однос во развивањето на односите помеѓу двете земји, подвлекувајќи го фактот дека, се наведува во соопштението, заедничките предизвици бараат заеднички решенија и дека она што денес го засега македонското Министерство за внатрешни работи, утре ќе има ефект на европските збиднувања.
Средбата заврши со меѓусебно уверување во заемната посветеност на решавање на заедничките предизвици и апсолвирање на заедничките приоритети, како и со ветување за натамошна заедничка поддршка во сузбивањето на илегалната миграција и нејзиното сузбивање, соопштија од МВР.