
Досега се осомничени 20 лица, од кои 15 се во полициска станица. Меѓу приведените. Дел од осомничените се починати, а дел во болница. Дел од приведените лица во полициската станица имаат директна вина. Едно лице е организатор на настанот и има директна вина за пожарот. Меѓу приведените е и поранешен државен секретар на Министерството за економија, поранешен ракводител на сектор во тоа министерство, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во ДЗС. Дел од приведените во Кочани се организатори и дел од обезбедувањето на концертот во дискотеката, изјави попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот рече дека полицијата продолжува со прибирањето на информации. „Повредени се повеќе од 20 малолетни лица и тројца починати малолетни лица. Во дискотеката имало 500 лица, а продадени биле 250 билети. Најголем број од жртвите се идентификувани, сите тела се извадени од дискотеката, а во критична состојба се 22 лица кои ќе бидат пренесени на лекување во Турција, Бугарија, Грција и Србија.
Одговорност ќе има за секој еден од корумпираните и неодговорните, кои имаат директно или посредно влијание на трагедијата – изјави Тошковски.