
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, синоќа на гостување во ТВ21, рече дека се покаја што влегол во Европскиот фронт. Тој го нападна лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека не си го одржал зборот.
„Јас се покајав што влегов во Европскиот фронт“, рече Тачи.
Во емисијата, тој им се закани на ДУИ.
-Ако отворат уста уште еден збор, тогаш на следен јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски. Кој, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, колку се поклониле, како се согласиле да влезат во Владата дури и без претседател на Парламентот, рече Тачи.