
ВМРО-ДПМНЕ како државотворна и одговорна партија, носител на државноста низ изминатите години, уште еднаш ја потврди својата посветеност за развој на Македонија.
На последниот партиски конгрес, покрај политички и партиски одлуки, донесе и важен државнички документ, „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“, која претставува визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија.
Оваа Стратегија на долг рок поставува јасен правец и систем на управување, што импровизацијата ќе ја замени со институционална зрелост, со крајна цел, држава што создава економска моќ, стабилност и самодоверба.

Првиот стожер на Стратегијата Македонија 2030 е државната безбедност, која во време на сериозни геополитички промени, сајбер-напади и хибридни закани станува основа за секоја друга државна политика.
Со овој стожер, Македонија го отвора новото поглавје на државноста што ја градиме заедно, чија стратегија за државната безбедност и стабилност се темели на четири приоритети.
Првиот приоритет е модерна Армија со реални НАТО стандарди, со технолошко унапредување, современи системи на командување и развој на сајбер-одбранбени единици. Армија што навистина го штити државниот интерес.
Сајбер просторот е новото боиште на современиот свет, затоа сајбер-безбедноста е вториот приоритет на овој прв стожер од Стратегијата. За поголема сајбер-безбедност на Македонија, потребен е национален центар за дигитална отпорност, јасни протоколи и стандарди што ќе ги штитат институциите, банките и критичната инфраструктура.
Одбрана од хибридни закани и дезинформации е третиот приоритет, за што создаваме државен механизам за анализа, брза реакција и заштита на демократските процеси, без нарушување на слободата на говор, но со заштита на вистината.
Четвртиот приоритет е модерен систем за управување со кризи, кој опфаќа централен команден столб, автоматизирани процедури и регионална координација за брза, професионална и предвидлива реакција.
Само модерна држава која е отпорна и институционално заштитена може да обезбеди развој и стабилност.
Затоа безбедноста е темелот на државата и само стабилна и заштитена Македонија може да биде економски силна, институционално зрела и политички самоуверена.

Македонски







