Skip to main content

Средба Муцунски – Џејмисон Грир: Постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите

За време на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на неговиот Фејсбук профил објави дека остварил уште една значајна средба со Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Фокусот на средбата беше ставен на унапредување на билатералната трговска размена и отворање нови можности за економска соработка меѓу двете земји. Важно е да истакнам дека постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите, како и во дефинирањето на следните чекори кон потпишување Договор за слободна трговија, напиша Муцунски.

На средбата, како што објави министерот, разговарале и за владините економски политики насочени кон унапредување на бизнис-климата, поттикнување на странските директни инвестиции и обезбедување стабилна и предвидлива регулаторна рамка за американските компании заинтересирани за инвестирање во нашата држава.

Поврзани вести