
Прес-конференциите на СДСМ одамна ја надминаа својата примарна функција, пред се да информираат и критикуваат во интерес на јавноста, па јавноста сама да пресуди што е вистина, а што лага. Наместо тоа, пресовите на СДСМ сè почесто се користат како средство за тактичка манипулација со емоциите на граѓаните, со некаков обид за контрола на јавното мислење и успорување на негативниот тренд по јавниот рејтинг, но и како притисок врз институциите со цел нивна дискредитација.
Овој феномен станува очигледен во моменти на засилени институционални постапки, особено по периодот на спроведените големи истраги против високата корупцијата, криминалните групи инволвирани во трговија со дрога, рекет, изнуди и малтретирање на граѓани, трговија со луѓе и други тешки кривични дела кои егзистираа во Државата.
Не е тајна дека претходниците имаат свои кртови во редовите на полицијата, одредени послушници во правосудните органи и другите институции кои редовно ги брифираат партиските функционери за тековните активности на институците во борбата против организираниот криминал и корупција. Дали последните хистерични прес конференции на СДСМ, се потикнати од информациите кои ги добиваат од тие брифинзи дека за одредени претходни функционери постои голема веројатност да се соочат со лицето на правдата поради големиот број на злоупотреби за време на своето долгогодишно владение меѓу кои и за злоупотреби поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Дали еден од главните нарачатели и координатори на пресовите на СДС – Оливер Спасовски сака да дефокусира и да минимизира одредени факти кои може нему му се познати и е свесен дека низ една судска а можеби претходно и низ обвинителска постапка ќе бидат обелоденети.
Дали истиот тој бил добро информиран и знаел дека постои објект дискотека или кабаре во Кочани кој преку неговите емисари, партиски послушници и таканаречени локални шерифи влијааел да ја искриви вистината за исполнување на условите за мислењата кои ги давало СВР Штип и ОВР Кочани додека тој раководел со Министерството?
Дали Оливер Спасовски е човекот кој можеби ургирал и обозможувал да бидат давани позитивни мислења за паркинг простор и за проблематика поврзана со нарушувања на јавниот ред и мир и дилање дрога?
Се надеваме дека одговорите ќе ги добиеме од страна на органите задолжени за спроведување на Законот.
Во ситуации кога институции како МВР или обвинителствата спроведуваат истраги од висок јавен интерес, политичките партии брзопотезно реагираат со свои пресови, не за да придонесат со факти, туку за да ја пренасочат јавната перцепција. Веднаш се создава алтернативен наратив, дека некој бил жртва, некој друг е инструментализиран, а правната постапка е политички прогон.
Како што изгледа истрагата за Кочани не е завршена и покреј поднесеното обвинение. Барем така брифираа и од обвинителството дека во меѓувреме може да се обезбедат и други докази доколку истрагата стигне до нови. Она што сигурно се знае е дека се уште се проверуваат одредени околности, и информации за одрдена интервенција на високи полициски службеници околу работата на дискотеката „Пулс“ особено во пост ковид периодот. Дали очекувањата беа дека истрагата за Кочани ќе се повтори како модуланарата болница во Тетово, Ласкарци и Беса Транс? Можеби такви биле оечкувањата од страна на поранешните функцинери и раководни лица од редовите на СДСМ И ДУИ, кои сега гласно со последниот нивен политички крик џавкаат, бидејќи тие тоа најдобро знаеле да го прават, да кријат факти, да не ги почитуваат законите, да ја извртуваат вистината, да не обезбедуваат потребна документација која ќе се користи како докази во постапката, да не изведат ниту еден пред лицето на правдата а уште помалку да биде тоа некој од нивните политички истомисленици или не дај боже вршители на одредени раководни функции.
Истрагата за Кочани „Пулс“ претставува рекорден пример на брзина, обем и институционална координација, која драматично се разликува од практиката кај претходни големи несреќи. Додека Ласкарци, Модуларна болница Тетово и Беса Транс останаа симболи на бавност, политички притисоци и интервенции, случајот со „Пулс“ засега покажува дека институциите можат да постапат ефикасно кога постои силна внатрешна мобилизација и меѓусебна поддршка.
Што дополнително ќе открие истрагата за Кочани, набрзо ќе дознаеме. Вистината можеби е бавна но секогаш е праведна.