Skip to main content
TCbzdbK1sOs

Се уредува просторот околу болницата во Кочани

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов денеска ја посетија Општата болница со проширена дејност во Кочани, со цел увид во моменталната состојба и отпочнување конкретни чекори за уредување на просторот околу болницата и средување на асфалтните површини.

Кога пристапот е домаќински, резултатите се видливи. Денес тука гледаме видливи резултати по 30 години. Пристапот и инфраструктурата во здравството се составен дел од системот и не го опфаќаат само внатрешниот, туку и надворешниот дел. Благодарност до градоначалникот којшто за кратко време направи организација за средување на просторот. Ние како Влада и Министерство работиме на враќање на довербата во јавното здравство, посветени сме на три главни столбови, меѓу кои човечките капацитети и инфраструктуранта промена, рече министерот Алиу.

Тој нагласи дека денешната посета е продолжение на институционалната грижа за Кочани, каде кон крајот на ноември минатата година, при посетата на овој регион, со отворањето на регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка, беше истакната важноста на јакнењето на здравствените услуги, особено во делот на психолошката поддршка.

Во следниот период ќе се изврши чистење на вегетацијата и расчистување на површините во дворот на болницата – простор кој не бил соодветно одржуван изминатиот период, со што ќе се овозможат нови паркинг места, а паралелно е предвидено и демонтирање и отстранување на модуларната болница, за дополнителни капацитети за паркинг. Во следната фаза е предвидено и етапно реновирање на делови од болницата.

Поврзани вести