Skip to main content
n-1O8p4TdRw

СДСМ и Богданка Кузеска повторно сакаат да ја диктираат уредувачката политика на „Република“

СДСМ повторно тргна со напади против „Република“. Без разлика дали е власт или опозиција трн во око на СДСМ им е „Република“ и начинот на кој ние известуваме за партијата. Денеска портпаролката на партијата Богданка Кузеска излезе со серија напади за „Република“ и за уште неколку други медиуми незадоволна како ги разобличуваме нивните лаги за мигрантите и случајот со Ивица Томовски за што и првиот човек на Службата за општи и заеднички работи најави тужба за СДСМ.

Т.н антикорупциски тим на СДСМ со денови сее магла и невистини за наводиот договор на Влада со Велика Британија дека во Македонија ќе се носат мигранти, повикувајќи се на британски таблоиди.Ова беше децидно демантирано како од официјалните власти во Лондон така и од британската амбасада во Македонија.Но, СДСМ упорно ја верглаат оваа приказна, дури и најавуваат некаква резолуција и онајн петиција против мигрантите.

За СДСМ не е важно дали се власт или опозиција. Притисокот кон медиумите и новинарите е константен. Редакцијата на „Република“ постојано ги повикува првите луѓе на СДСМ да дојдат на интервју но или сме одбивани или нема никаков одговор.Истото се случува и кога поставуваме прашања за кои од „Бихаќка“ нема одговор.

„Република“ го праша и првиот човек на ЗНМ Младен Чадиковски но тој рече дека ја нема видено прес конференција на Кузеска и подоцна ќе излезе со став за мешањето во уредувачката политика на СДСМ во известувањето на „Република“.

Поврзани вести