Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот на САД. Ова е дел од кусата реакција на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во врска со одлуката на американскиот Стејт департмент да го стави нивниот висок функционер и поранешен прв вицепремиер, Артан Груби, на т.н. „црна листа“ на САД.
Во писменото соопштение испратено до медиумите, од ДУИ додаваат:
Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста.“