Skip to main content

Сајкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со реализација на многубројни проекти, покажаа посветеност, работа и резултати

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – локалната и централната власт работат за тебе, имаше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој истакна дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изминатите четири години посветено и чесно работеле и покажале конкретни резултати со реализација на проекти кои се од суштинско значење за општините, односно граѓаните во државата.

За да бидеш отчетен пред граѓаните треба да имаш нешто сработено, во овие два дена видовме дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат многу сработено, тоа е одлика на градоначалници коишто се посветени, чесни и кои покажаа резултати. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа посветеност, работа и резултати. Морам да кажам дека заедничко за сите градоначалници на ова претставување нивно во овие два дена беше дека ги презедоа сите општини без исклучок во долгови, блокирани со лоша поставеност на администрацијата, но денес гледаме дека нивната посветеност нивната работа нивната желба за подобрување на општините доведе да имаме резултати проекти и се она што е потребно за да можат да се развиваат и да имаат подобар квалитет на живот на граѓаните“, истакна Сајкоски.

Тој истакна дека градоначалниците имаат реализирано многу проекти кои се однесуваат на патната инфраструктура, канализационата мрежа, образованието и се она што е суштински потребно во општините.

Собранието ја следи работата на локалната самоуправа, активно учествува во работата на локалната самоуправа преку донесување на закони, легислативи коишто ќе го подобрат животот на граѓаните. Најважен проект беше тоа што се донесе задолжувањето со коешто на општините им се овозможи да добијат средства за да можат да ги реализираат проектите коишто во овие два дена ги напоменаа. Проектите се многу значајни бидејќи се однесуваат и на патната инфраструктура, меѓутоа и на основните услови на живот, донесовме нови водоводи, нови резервоари, фекална, атмосферска канализација, нови училишта, нови градинки и се она што е суштински потребно. Градоначалниците изработуваат проекти и за во иднина, апел до сите граѓани да се приклучат во кампањата, да изградиме една подобра локална самоуправа, да имаме држава каква што сите сонуваме и сакаме да живееме“, рече Сајкоски.

Поврзани вести