Skip to main content

Работат сите четири лифтови во зградата на МТВ, Службата за општи и заеднички работи ги поправи

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во зградата на МТВ во која канцелариски простории користат над 20 државни институции.

Лифтовите сега се целосно оперативни и обезбедуваат сигурен, брз и лесен пристап до сите катови, што значително го подобрува функционирањето на институциите и услугите кои ги нудат.

СОЗР посочува дека изминатите години лифтовите во зградата често беа неисправни, што создаваше големи проблеми за вработените и граѓаните кои имаа потреба од завршување административни работи во некоја од државните институции, што ја отежнуваше работата во институциите и пристапот до важни услуги.

Со преземените активности, СОЗР го потврдува својот континуиран ангажман за подобрување на условите за работа и за обезбедување на високи инфраструктурни стандарди. Одговорноста и посветеноста на СОЗР во овие процеси имаат за цел да создадат безбедни, удобни и ефикасни услови за сите вработени и граѓани кои користат услуги од државните институции. СОЗР одговорно ќе продолжи да работи на унапредување и одржување на инфраструктурата во јавните институции за да обезбеди најдобри услови за секого, се наведува во соопштението.

Поврзани вести