
Денеска остварив средба со Брис Рокфеј, директор за Континентална Европа и Рене Троказ, специјален претставник за Балканот при Министерството за надворешни работи на Франција, информираше Мицкоски на социјалните мрежи.
Разговаравме за тековните предизвици и можностите за продлабочување на соработката со Франција, како и за поддршката на европската агенда на регионот.
Во фокусот беше и важноста на заедничките напори за забрзување на европската интеграција, со јасна поддршка за реформите и зајакнување на политичкиот дијалог и економската соработка меѓу земјите од Западен Балкан и Франција.