Skip to main content

Eврото и фунтата со минимален раст во однос на американскиот долар

Фото: Freepik

На светските девизни пазари тргувањето помина со умерени поместувања на најважните валутни парови, при што еврото и британската фунта забележаа минимален раст во однос на американскиот долар.

Еврото се тргуваше по 1,1437 долари, што претставува дневно зголемување од 0,04 проценти. Идентичен раст од 0,04 проценти оствари и британската фунта, која достигна курс од 1,3346 долари.

Американскиот долар зајакна во однос на јапонскиот јен, при што курсот достигна 161,28 јени, што е раст од 0,17 проценти. Исто толкаво зголемување доларот забележа и во однос на турската лира, тргувајќи се по 46,76 лири.

Во однос на канадскиот долар, американската валута доби 0,11 проценти, достигнувајќи курс од 1,4201 канадски долари.

Меѓу останатите валути, австралискиот долар оствари најизразен раст, за 0,27 проценти, и се искачи на 0,6930 американски долари.

Од друга страна, американскиот долар благо ослабе во однос на швајцарскиот франк, со пад од 0,05 проценти, додека еврото во однос на јапонскиот јен порасна за 0,21 проценти, достигнувајќи 184,39 јени.

Тргувањето укажува на релативно стабилна состојба на девизните пазари, при што инвеститорите остануваат претпазливи во очекување на нови економски показатели и одлуки на водечките централни банки.

Извор: Колегиум.мк

Поврзани вести