Skip to main content

Премиерот Мицкоски во Кочани, го одложи патувањето за Подгорица на Самит на ЕПП

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски го одложи патувањето за Подгорица, каде утре се одржува самитот на ЕПП. Мицкоски ќе побара одлагање и на самитот за Западен Балкан кој треба да се одржи среда и четврток, информираат од неговиот кабинет.

Од утрово премиерот е во Кочани каде во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа повеќе од 50 млади лица.

Поврзани вести