
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пречека претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на земјава, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Во Владата е во тек билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите.

Премиерот вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата.
Претседателката на ЕК Фон дер Лајен завчера од Тирана ја почна својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки денеска допатува во Скопје.

Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне и со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.