Skip to main content

Премиерот Христијан Мицкоски во Будимпешта оствари средба со претседателот на унгарската Влада, Виктор Орбан

Премиерот Христијан Мицкоски, во Будимпешта оствари средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан.

Нашиот разговор беше фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување. Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер“, информира Мицкоски.

Македонскиот премиер додава дека во разговорот нагласил дека Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот.

Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика“, вели Мицкоски.

Поврзани вести