
Поведен е предлог за дисциплинска постапка против штипската јавна обвинителка Татјана Кацарова, дознава „Република“ од извори во Јавното обвинителство. Оваа обвинителка е интересна за јавноста бидејќи работеше во истрагата против суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи. Побаравме информација од ЈО дали навистина е поведена постапка против обвинителката, но се уште немаме одговор.
Вишото јавно обвинителств вршеше надзор над нејзината работата за предметот во кој држела лице во притвор повеќе од 70 дена иако според расположливите материјални докази оваа постапка требало да завши во рок од 8 дена.

За Кацарова се говори дека е под директна заштита на Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
За ова побаравме комментар од Хајрулахи кој нагласува дека имајќи предвид дека судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип констатирал незаконско работење на Кацарова која е и шеф на тоа обвинителство а истата констатација е потвдена и од Апелациониот суд во Штип очекувано беше да се поднесе предлог за дисциплинска постапка како и кривична пријава за сторено кривично дело-злоупотреба на службената положба или за несовесно работење.
Но, знаејќи дека таа е една од слепите извршители на Коцевски и Бојаџиски не верувам дека против неа ќе постапуваат како што налага законот.Коцевски треба да се одважи и да каже пред медиумите дали оваа обвинителка и покрај тоа што судот контатирал незаконитост во постапувањето дали ќе има правни последици.Дали ќе биде суспендирана или одалечена од работа додека не заврши постапката. Познавајќи го Коцевски и групата што раководи со него,мисам на бандата од СЈО нема да постапат на начин како што налага законот туку сетоа тоа ќе го заташкаат и ќе го стават во заборав,изјави Хајрулахи за „Република“.