
Министерството за внатрешни работи и Транспаренси Интернешнл – Македонија потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на партнерството во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Со овој Меморандум се воспоставува рамка за заедничко дејствување, размена на податоци и експертиза, како и за спроведување на активности насочени кон зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето.
Министерството ќе соработува со Транспаренси Интернешнл на идентификување на слабостите во системот, унапредување на механизмите за превенција и откривање на коруптивни појави, како и на развивање на заеднички програми и обуки за интегритет и професионално постапување.
Потпишувањето на овој документ претставува потврда за континуираната определба на Министерството за внатрешни работи да гради институционален систем заснован на владеење на правото, транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата.