Skip to main content

Почна реконструкцијата на патот Вруток – Речане

Општина Гостивар

Градежна механизација денеска почна со активности на локалниот пат што ги поврзува селата Вруток и Речане, информираа од општина Гостивар.

Претпладнето, специјални машини почнаа со отстранување на оштетениот асфалтен слој и подготовка на подлогата. Станува збор за делница од локалниот пат во должина од 1,2 километри која беше во лоша состојба и го отежнуваше движењето на возила низ Вруток и Речане.

Предвидено е целосно асфалтирање по целата ширина на коловозот што значително ќе ја подобри инфраструктурата во овој дел од општината. Притоа ќе се овозможи и полесна комуникација на граѓаните, стои во известувањето на службата за информирање на општина Гостивар.

Средствата за овој зафат се обезбедени преку Владата со таканаречениот „унгарски кредит“ наменет за капитални инвестиции во локалните самоуправи.

Под мотото „општината на работа“ градоначалникот Ваљбон Лимани уште пролетта најави реализација на повеќе инфраструктурни проекти. 

Поврзани вести