Skip to main content

Почна регулирањето на коритото на Брегалница во центарот на Делчево

Во Делчево почна реализацијата на проект за регулирање на речниот тек на Брегалница. Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, изјави дека проектот има повеќекратни придобивки за градот и жителите.

Со овој проект Делчево ќе добие современо и уредено централно подрачје кое ќе биде украс на градот, но уште поважно, со регулирањето на коритото трајно ќе се намали опасноста од поплави и ќе се заштитат домовите, стопанските објекти и институциите покрај реката. Ова е дел од нашата стратегија за безбедна и модерна инфраструктура која создава подобри услови за живот, развој и бизнис во градот, истакна Трајковски.

Тој додаде дека во рамки на истиот проект се гради и Скејт парк, кој е во напредна фаза и ќе биде ново катче за младите, место за спорт, дружење и рекреација.

Нашата цел е Делчево да се развива во модерен, безбеден и уреден град кој ќе ги задржува младите и ќе отвора нови можности за сите генерации. Овој проект е доказ дека кога работиме посветено и одговорно, резултатите се видливи и трајни, рече Трајковски. 

Градежните работи ќе се изведуваат во должина од 620 метри, на потегот од црквата во центарот до градскиот базен. 

Поврзани вести