СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат. СДС се единствено виновни што Артан Груби кој се најде и на црната листа на САД со години крадел и правел криминал, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС имаше министер во МВР и судство и обвинителство под нивна контрола.
Кога беше по волја на СДС судските одлуки личеа на партиските соопштенија, а кога не беше, ЈО не смееше да отвори ниту истрага.
Еден од случаите каде МВР, ЈО и судот молчеа во време на СДС беше и Артан Груби.
СДС свесно дозволи Груби да ја краде државата, за да остане ден повеќе на власт“, потенцира Петрушевски.
-СДС мора да се извинат за Груби. Затоа што да не беа тие, криминалот на Груби немаше да биде можен, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.