Skip to main content

Пет повредени пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од Србија и продолжуваат со лекување во земјата

Министерството за здравство информира дека денеска уште пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување во Србија. Според утврдениот протокол, тројца пациенти ќе бидат под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, еден пациент ќе биде сместен во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“, додека еден пациент на сопствено барање ќе го продолжи лекувањето во приватната клиника „Жан Митрев”.

Во моментов, во земјава се лекуваат вкупно тројца пациенти. Еден пациент се наоѓа во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“, додека двајца пациенти се сместени во приватната болница „Систина”.

Во текот на утрешниот ден се очекува враќање на еден пациент од Белгија, кој ќе биде под опсервација на Клиниката за пластична хирургија.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел да обезбеди најдобар можен третман и натамошна рехабилитација.

Поврзани вести