Skip to main content

Продолжува иницијативата „Каде што срцето е дома“

Во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари средба со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков и претставници на Советот на општината.

На средбата се разговараше за клучните активности на Министерството, тековните и идните развојни проекти на општината, како и за можностите за поддршка со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Министерот Перински го претстави Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, подготвен во рамки на воспоставениот Ресурсен центар. Прирачникот претставува практичен документ наменет да им помогне на новоизбраните градоначалници во првите месеци од нивниот мандат, со јасни чекори и насоки за полесно и поефикасно водење на клучните процеси во општините. Министерот најави дека истиот ќе биде доставен до сите градоначалници.

Во однос на распределбата на средствата за проекти тој нагласи „Она што е клучно и што сакам да го напоменам е дека оваа Влада се води исклучиво врз основа на реалните потреби на граѓаните, а не врз политичка припадност на градоначалникот. Преку потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините, Струмица доби 12 проекти во вкупна вредност од 335.482.797 денари.“ .

Во рамки на посетата беше извршен и увид на реализацијата на проектот G-pact од првиот повик на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) ИПА помеѓу Бугарија – Македонија Приоритет 1: Позелен пограничен регион, кој има за цел намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на урбаното живеење.

Вкупната вредност на проектот за Општина Струмица изнесува 391.918 евра, од кои 15% се кофинансирани од Министерството за локална самоуправа.

Со проектот се воспоставува нов зелен јавен простор со вкупна површина од 12.712 м², со современ парк наменет за рекреација, урбана опрема, пешачки патеки, мал отворен амфитеатар за деца и фотоволтаичен систем за енергетска ефикасност.

„Ова е само почеток. Во наредните месеци ќе продолжиме со ваков тип активности што создаваат квалитетни јавни простори, зеленило и инфраструктура во сите делови на градот и населените места,“ изјави Јанков.

Министерството за локална самоуправа продолжува со средби и поддршка на општините во насока на рамномерен и одржлив локален развој.

Поврзани вести