Skip to main content

Пецаков: Меѓународната и меѓугранична соработка директно придонесуваат во туризмот како основна гранка на развој на Охрид

Во однос на меѓународната соработката, а и меѓуграничната соработка, придобивките би ги поделил во два дела. Едната придобивка би ја поврзал директно со туризмот како една основна гранка на развој на самиот град, а втората се сите оние проекти, без разлика дали станува збор за инфраструктура или некакво опремување на медицински центри или опремување на јавните претпријатија со соодветна опрема, рече Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид на денешниот настан Саем-Отчет, земајќи збор на панел-дискусијата на тема „Меѓународна соработка за развиени општини“.   

Пецаков истакна дека она што се работи со туризмот и учеството на саемите за туризам, се гледа како директна придобивка, посебно во зимскиот период, кога станува збор за новогодишните празници, но и околу велигденските и првомајските празници, каде огромен број на туристи, пред сè од соседството, го поминуваат времето во Охрид.

За нас, таа меѓународна соработка на тие саеми, претставува директна придобивка за туризмот и локалниот развој. Заедно со тур операторите но и сите други што нудат некакви туристички услуги се вмрежуваат и се создава позитивен придонес, посебно во текот на летниот период каде што се создаваат тие пакети, настрана од тоа што претставува новогодишен период. Ние како град, создавајќи и творејќи, токму во делот на туризмот, како што придобивките се најголеми и ги гледаме на одреден начин, но она што претставува број на ноќевања и собирањето на туристичка такса каде што годинава сериозно предничиме“, рече Пецаков.

Toj додаде дека соработката со Владата за воведување на нови авиолинии од охридскиот аеродромот значително придонесоа за дополнителен развој на туризмот во Охрид и целиот регион.

Поврзани вести