Skip to main content

Од утре почнува ски-сезоната на Михајлово

Од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информирааат дека од утре се отвора сезоната на Михајлово. 

Во функција се двете скијачки стази – малата стаза со тепих-лифт, погодна за почетници и најмладите, како и големата патека „Македонија“ за сите љубители на зимските спортови. Одлични услови, чист планински воздух и пријатна зимска атмосфера“, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму додаваат дека патните правци до Михајлово се чисти и целосно проодни, а нивното одржување и чистење се врши континуирано. Работното време е од 10 часот.