Skip to main content

Нови 400 пожарникари, каде што има најмногу потреба – Оперативн план 2025

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена и одлучна да ги подобри состојбите во државата. Оперативниот план 2025, насловен „Визија за промена“, предвидува мерки кои ќе ја трансформираат Македонија и ќе го подобрат животот на граѓаните. Покрај големите финансиски придобивки и неповратни средства за вработување и самовработување со отворање стартапи и сопствени бизниси, платени обуки, Оперативниот план предвидува и вработување на 400 пожарникари – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ поврзсано со зголемувањето на бројот на 400 пожарникари.

Тие додаваат дека со цел подобрување на состојбите во противпожарните единици ширум Македонија, кои, како што велат, од минатата власт беа оставени во катастрофална состојба без соодветни технички услови и човечки ресурси, ќе следи засилување кадровскиот потенцијал.

Заради превенција и подобро справување со шумските пожари, овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба за нив. Во случај на пожар, пожарникарите се тие коишто се на правата борбена линија со огнената стихија за да спасат човечки животи, материјални добра, или во случај на шумски пожари, да ја спасат животната средина. И се тоа, ризикувајќи ги сопствените животи. Токму вака, вложувајќи во човечките ресурси, се цени нивниот придонес и пожртвуваност за општото добро, за безбедноста и здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина – стои во партиското соопштение.

Тие констатираат дека со одлуката за зајакнување на капацитетите на противпожарните територијални единици со вработување на 400 пожарникари, се придонесува и кон превенција и заштита од пожарите.

Поврзани вести