Skip to main content

Нобеловци за извоз

Балканот конечно се обедини. Тоа што не може да го направи политиката го направија парите.Од Вардар до Триглав, и старо и младо се крена против маркетите и високите цени.Минатиот петок никој не стапна во маркетите, колку и нешто да им требаше баш тој ден да си купи.

Добро е што граѓаните конечно се организираа, најпрво на социјалните мрежи бидејќи маркетите аздисаа со цените, на човек да му е страв да влезе во продавница. Си влегол со илјадарка, не си купил ништо парите отишле, наведува авторот на ТВ колумната „5 минути со Чавез“.

Еден ден една цена, друг ден друга. Да бидеме искрени, никакви акциии, наречени подобри цени, повеќе за граѓаните, намалувања не дадоа никаков ефект. Убаво викаат ,попусто попуст кога цените останаа исти. Уствари не исти туку повисоки.

На сите ни паѓа криво кога ќе одиме во странство и кога гледаме дека цените се исти, ако не и пониски од кај нас.А платите не ни се баш исти.

Не верувам дека маркетите ја научија лекцијата иако така сакаат да се прикажат. Како жртви, не како сторители.

Не ни требаат никакви акции туку трајно намалување на производите.

Затоа се потребни уште порадикални мерки од страна на граѓаните. Бојкот, ама не само еден ден, туку подолго, колку можеме да издржиме. А се издржува, никој нема да умре ако една недела не купиме, сок, грицки, пиво.,благо

Она што мора да се купи e леб, млеко, зејтин, брашно. Кога последен пат сте посетиле некоја локална фурна, пекара, каде што мириса на свежо печен леб. Направете им промет таму, наместо да им ги полните џебовите на големите ланци.

Го заборавивме и пазарењето во локалните продавници, малски гранапчиња. Да и таму цените не се нешто пониски од маркетите, но барем од тоа дуќанче живее семејство.

Затоа, сите памет во глава, да не не прават глупи, да ги одбегнуваме колку што можеме големите маркети, и од она што има да купуваме домашни производи.

Добро сега манго,авокадо, банани и ананас не можеме да купуваме од домашни производители, ама зелка, пиперки, домати, грав и тоа како можеме.

За тоа постојат пазари, има ли нешто поубаво да израдувавате некој локален производител кој дома ќе си отиде со празни торби и полни пари од својот труд.

Почнува да се загрева атмосферата за локалните избори иако тие засега изгледаат далеку. Изборите за градоначалници ќе се одржат доцна наесен. Први се јавија од коалцијата Влен или Вреди.

Оттаму велат дека ќе коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ. Така и треба, нормално е како коалициски партнери да соработуваат и на локално ниво. На Вреди и тоа како ќе им треба поддршката од гласовите на ВМРО во Тетово, Гостивар, Тетово и Струга како главни бастиони за Албанците.

Изборите се добар повод првите луѓе од коалцијата Вреди да престaант да се однесуваат како да се во опозиција.

Боже , колку само тие сакаат да бидат ДУИ. Изгорени се да ги имитираат оние од Мала Речица.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами ги реши сите проблеми во градот и уште имињата на улиците му останаа. Тоа што градот тоне во ѓубре, што сообраќајот е како да си во Индија не е важно.Битно е улиците да добиат имиња на албански ликови. Откако е седнат на фунцкијата не е излезен од филмот на УЧК и ДУИ. Го примаше Албин Курти како премиер на сите Албанци, на зидот го има основачот на УЧК Адем Јашари. Се има само македонско знаме нема.

Како можете во национализам да се натпреварувате со ДУИ? Па тие облекоа чизми и се фатија за пушка. Затоа, памет во глава и протестирајте за тоа зошто во Тетово или Гостивар нема некоја странска инвестиција а не за Курти. И него со доаѓањето на Трамп му се избројани деновите на власт.

Истото, само малку посуптилно го прави и министерот за здравство Арбен Таравари. Тој излегува на албански телевизии и се фали дека премиерот Мицкоски бил против Договорот од Преспа па го прифатил, па така сака неќе ќе прифати и уставни измени. Наместо да си го гледа здравството тој бистри политика.

А што мислат граѓаните покажа најновата анкета на платформата Омнибус. Во неа над 60 проценти од испитаниците се изјаснија дека се против членство во ЕУ ако тоа значи прифаќање на барањата на Бугарија поврзани со македонскиот јазик и идентитет. Затоа подобро ќе биде да се солидаризираш со твоите сограѓани Македонци отколку да ги иритираш. Оти изборите ене кај се.

Верувале или не и СДСМ размислувале за локалните избори. Еве лидерот Филипче увидел колку штета им направила коалицијата со ДУИ и оти не им паѓа на памет коалиција со нив.

На докторот касно му текна, но и со ДУИ и без ДУИ исто му се фаќа. СДСМ на локалните избори нема да освои повеќе од пет градоначалници, може нема ни толку. А тоа ќе значи и крај за Филипче на чело на СДСМ. После изборите, на Бихаќка ќе биде Дајте друго дете“, ова не го бива за политика.

Завчера одбележавме и 153 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев. Мирно, достоинствено, без никакви инциденти. Се сеќавате што се случуваше пред само две години кога ја виткавме кичмата пред Бугарија. Тензии, инциденти, па закани од ликови како Ангел Џамбаски и Ковачев.

СДСМ за да им се додвори на Бугарите дури и забрануваше на новинари. Сега е сосема спротивна слика, дури и кумашинот на Бојко Борисов, министерот за надворешни Георг Георгиев жали што никој не го поканил да дојде во Скопје. Се сменија времињата, требало само да покажеш достоинство.

За крај не можеме да ги прескокнеме случувањата во Србија затоа што и тоа како се поврзани со Македонија и со тоа што нас ни се случуваше пред седум осум години. Се што се случува во Србија е што би се рекло по книга, бај д бук. Мустра за револуција и Блокадна кухарица. Таму се си е напишано.

И крвавите раце, и блокирањето автопати и раскрсници, и девојка која се шминка пред штитот на полицаецот. Добро кај нас немаше печење прасе, тоа за нашите шарени беше многу сељачко, тие се многу модерни. Минатата епизода реков дека во Србија фали уште да падне некое запросување на барикадите. Па еве го и запросувањето.

Покрај шарените, со Србија ги делиме и нобеловците. Студентите се предложени за нобелова награда за мир.

Ви текнува дека за Нобелова награда беа предложени Зоран Заев и Алексис Ципрас затоа што и го сменија името на Македонија. Замислете Нобелова награда никогаш не добиле еден Тито или Никола Тесла ама ќе добијат Заев и другар му или пак студентите во Србија. И со Нобеловците се претера.

Поврзани вести