Skip to main content

Николоски: Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани, доста е од злоупотреби на тајните служби

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира одговорните за наводната злоупотреба на тајните служби, оценувајќи дека расчистувањето е клучно за демократијата.

ОДГОВОРНОСТ И ПРОЦЕСУИРАЊЕ НА ОДГОВОРНИТЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ДЕМОКРАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!

Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски.
Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала.

Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа!
Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!!!

Поврзани вести