Skip to main content

Николоски доби дрес од претседателката на белгиската фудбалска федерација пред вечерашниот натпревар

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска се сретна со претседателката на фудбалската федерација на Белгија Паскал Ван Даме.

Денес во Владата се сретнав со Паскал Ван Даме – претседателка на фудбалската федерација на Белгија и високи претставници од политичкиот и бизнис живот во Белгија кои допатуваа во Македонија во пресрет на фудбалскиот натпревар помеѓу двете земји, наведува Николоски на својот фејсбук профил.

Според вицепремиерот, соработката со Белгија е на високо политичко и економско ниво.

Тој го покажа и дресот кој го доби од белгиската делегација, пред вечерашниот фудбалски меч.

Поврзани вести