Skip to main content

„Ние сме херои“, вели осомничен за пожарот во Кочани

„Не се чувствуваме виновни, ние сме херои, спасивме 200 луѓе. Јас до последен момент останав во огнот за да ги извадам сите деца, да ги спасувам како мои. Имам две малолетни деца“.

Ова пред новинарите на „Сител“ при приведувањето го кажа еден од осомничените за пожарот во Кочани на прашањето – ,,Дали се чувствува виновен?”.

Претходно, на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека е повлечена локалната потерница која беше распишана за 4 лица, бидејќи тие се веќе обезбедени. Во Скопје, според зборовите на Тошковски на распит се однесени 5 лица, меѓу кои и еден поранешен министер. Тој додаде дека биле извршени претреси кај вработени во Министерството економија, одземени се електронски уреди, оружје и доказни материјали.

Вчера 13 лица во Штип биле приведени. Приведени се сопственикот на дискотеката, продавачите на билети, две лица од обезбедување, приведени се тројца пазарни инспектори, еден од трудова инспекција, како и полициски службеници. На 14 лица, вели министерот им е одреден притвор од 48 часа.

Поврзани вести