Skip to main content

Независниот синдикат на полицијата го осудува сквернавењето на споменикот на Тоше Тодоровски

Независен синдикат на полицијата најостро го осудува сквернавењето на денешниот чин на откривање на спомен бистата на починатиот колега Тоше Тодоровски од страна на неговата поранешна сопруга.

Спомен бистата беше подигната од страна на синдикатот во негова чест, а на настанот беа поканети како гости неговото семејство, Министерот за внатрешни работи, Директорот на Бирото за јавна безбедност и сите останати колеги и граѓани. На настанот беше присутна и неговата поранешна сопруга и истата положи цвеќе заедно со нејзините деца кои до смртта на Тоше живееја со него.

Поврзани вести