Skip to main content

На вонредна седница на Општина Кочани прогласена седумдневна жалост

 Советот на Општина Кочани одржа вонредна седница по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс”. По едноминутната почит кон загинатите, претседателот на Советот Лазо Митев информираше дека прогласува седумдневна жалост во општината.

Во трагедијата загинаа 59 лица, а 155 се повредени. За четири лица распишана е централна потерница, а досега извршени се разговори со десет хоспитализирани лица, како и со еден од членовите на групата ДНК.

Поврзани вести