Skip to main content

МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир

 

Локалните избори 2025 кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира МВР преку официјалниот фејсбук профил.

Како што вели началникот на Секторот за односи со јавноста, Гоце Андреевски во објавеното видео, МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.

-До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. Апелираме до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112, наведува Андреевски. 

Поврзани вести