Skip to main content

Муцунски на свечен прием заедно со генсекот на НАТО и претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора

ФБ на министерот Тимчо Муцунски
ФБ на министерот Тимчо Муцунски

Во рамките на Парламентарното собрание на НАТО, имав чест заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора, премиерот и министерот за надворешни работи на Хрватска, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина и други лидери од регионот – да присуствувам на свечениот прием што се одржа на локацијата каде што беше потпишан Дејтонскиот договор, во воздухопловната база „Врајт-Патерсон“.

Ова го објави на неговиот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Во контекст на значењето на Дејтонскиот договор за регионот ја нагласивме потребата од засилена регионална соработка, стабилност и безбедност, напиша Муцунски на Фејсбук. 

Поврзани вести