
Честитки по повод свеченото давање заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и на слушателите од Курсот за офицери и штабни службеници на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, напиша на својот фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и деканот на Воената Академија, полковник Ненад Танески, на идните офицери им честитавме и порачавме дека униформата која денеска ја носат со гордост треба секогаш да ги потсетува на одговорноста и вредностите на Армијата, на интегритетот и на лојалноста кон татковината. Овие вредности се пренесуваат низ генерации и секогаш остануваат силни и инспиративни.
Верувам дека овие млади луѓе ќе ги совладаат вештините на воената професија и ќе станат идни лидери кои со знаење, професионализам и посветеност ќе придонесат за мир, стабилност и силна Армија.

Македонски








