Skip to main content

Мисајловски: Убеден сум во квалитетите на секој еден припадник на единицата

Министерот за одбрана Владо Мисалјловски денеска беше во посета на касарна „Боро Менков“ во Куманово. По повод Денот на Командата за операции во македонската Армија министерот Мисајловски се обрати на воената свеченост за одбележувањето на 17 Октомври.

-Командата за операции е ударната сила на Армијата, нејзините припадници се одликуваат со професионалност, мотивираност и посветеност во службата, а секоја задача ја исполнуваат достоинствено.
Тие се најголемата поддршка на македонските граѓани при елементарни непогоди, кризни состојби и при поддршка на институциите. Истовремено, заедно со нашите сојузници придонесуваат и кон колективната безбедност на Алијансата и го зајакнуваат источното крило на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, истакна Мисајловски.

Убеден сум во квалитетите на секој еден припадник на единицата кои заедно ќе продолжиме да ги развиваме. На претстојното НАТО оценување следната година, македонската Армија ќе биде претставена во најдобро светло! Да живее Армијата! Да живее Македонија, потенцираше во објавата Мисајловски.

Поврзани вести