Skip to main content

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици.

Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување, соопшти Министерството. 

Во дописот до медиумите се наведува и дека се следи состојбата на терен и се постапува согласно развојот на настаните – со единствена цел – заштита на здравјето и безбедноста на населението. 

Поврзани вести