
Би сакал да потенцирам во името на ВМРО-ДПМНЕ и владината коалиција дека сме задоволни од проектите што се реализираат на општинско ниво. И тоа покажува дека одлуката на Владата да ги поддржи помалите општини, буџетски, за наменски проекти коишто се битни за жителите на овие општини беше исправна, вели пратеникот Антонио Милошоски.
И сега и во иднина, ќе продолжиме со оваа поддршка и се надеваме дека тоа е уште еден аргумент плус, за добивање на довербата од страна на граѓаните за да може во континуитет да продолжи развојот и на општина Ново Село и на сите општини тука во југоистокот на Македонија.