Skip to main content

Милошоски: Криејќи се зад т.н. „Центар за комуникации“, СДСМ уште еднаш потврдува дека е главниот печатар за лаги и манипулации

Раководството на СДСМ е во состојба на озбилен внатрешен раздор и наместо си ја поправат партијата, тие продолжуваат со лаги и клевети кон сите надвор од нивниот тесен круг. Наместо да понудат решенија за некои државни предизвици, тие повторно се занимаваат со измислици и очајни обиди за дефокусирање од сопствената одговорност за штетите што ѝ ги нанесоа на Македонија, пишува Антонио Милошоски во објава на „Фејсбук“.

Криејќи се зад т.н. „Центар за комуникации“, СДСМ уште еднаш потврдува дека е главниот печатар за лаги и манипулации. Овојпат ја нема ниту нивната портпаролка да каже лично кој каков пасош немал/имал, за утре да не се правда повторно во судница дека „не знаела“, дека „имала обврска да праша“ или дека тоа не било нејзин став, туку „став на партијата“, потенцира тој.

Да биде јасно: отсекогаш имам само македонски пасош. И ова не е првпат СДСМ и нивните гласноговорници да пласираат вакви невистини. Нивниот поранешен претседател и “нобеловец” од Горњи Милановац. , специјално го ангажираше неговиот другар Захир Бекири Чауш да печати стотина фалц лични карти и пасоши, но МВР го начека и истиот заврши во затвор.

Но, тоа е тоа. Вчерашните методи на “нобеловец”, станаа денешна методологија на работата и на ова раководство на СДСМ. Затоа не е ни изненадување.

И на крај, само како потсетување, како Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ во март 2021 година , по примерот на Латвија 🇱🇻, предложивме Закон со кој пратеник нема да смее да има друго државјанство, освен македонското. Но, за тогашниот владеачки тандем ДУИ-СДСМ тоа не беше приоритет. Не помина во Собранието. Затоа резултатот и денес е само рециклирање на таа показна вежба за хипокризија од страна на партијата на “нобеловецот” од Горњи Милановац, вели Милошоски.

Поврзани вести