
Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, од Струмица се осврна на состојбата во државата, при што изрази задоволство што се дава акцент на големи инфраструктурни проекти. Милошоски истакна дека се гледа дека тоа помага во растот на економијата, но, како што додаде Милошоски, таквите капитални проекти се трајна вредност за целата држава.
Второ, по однос на самиот крај во југоисточна Македонија мислам дека е битно да се напомене, имаше многу години со заостанати субвенции од 2021, 2022, 2023 година којшто благодарание на доброто домаќинско буџетско работење, Министерството за земјоделие веќе сега ги пласира и се во рацете на оној којшто ги има заслужено тие субвенции.
И третата работа што сакав да ја споменам а е најнова во Собранието, беше донесениот Закон за измени во законот за здравствена заштита и осигурување, каде што од три можности за ин витро оплодување сега државата веќе овозможува шест такви можности. Со што би сакале да придонесеме на оние луѓе коишто имаат одредени проблеми, во оваа проблематика на родителство да добијат повеќе шанси, повеќе надеж за остварување на својата цел.
И на крајот да потенцирам дека тука во Струмица сме дојдени да оствариме и средби со повеќе граѓани, во повеќе населби, за да можеме да добиеме различни проекти и идеи во очи на локалните избори. Гледаме дека има голема заинтересираност во рамките на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, но исто така нашето чувство е дека има и атмосфера во општината за промена на локалната власт и за доаѓање на чело на Струмица на поодговорни луѓе коишто ќе можат да работат во интерес на сите граѓани, изјави Милошоски