
На прашањето да даде коментар за вчерашната изјава на Бујар Османи во „Само интервју“ дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со употреба на физичка сила, Мицкоски рече дека овие закани ги разоткриваат вистинските намери.
– Заканите на Бујар Османи само покажуваат кои се вистинските намери. Тоа е закон што е одобрен од страна на Венециската комисија дека ги исполнува сите меѓународни услови. Инаку, за делот од содржината на неговата изјава, јас немам што да кажам, претпоставувам дека тоа е тој фолклор што ќе го слушаме во периодот што следува. Ние имаме меѓукоалициски договор, законот е испратен во Собранието и очекувам што побргу да се усвои – рече тој.

Македонски



