Skip to main content

Mицкоски за Аца Лукас: Јасни се законите и правилата, не треба многу внимание да му се посветува на ова

За настанот кога викендов беше приведен српскиот фолкер Аца Лукас, премиерот Мицкоски бил запознаен од лицата од неговиот кабинет, по завршување на случувањата.

Прашан за коментар откако пејачот и неговиот менаџер го обвинија за скандалот, премиерот вели дека некој сака да прави естрада.

-Мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува. Многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери, порача Мицкоски.

Поврзани вести