Skip to main content

Мицкоски: Се надевам министерке Јаневска дека оваа година во читанките нема да биде јас, мама и тато, туку ќе биде јас, мама, тато, бато и дада

На обраќање на настанот „Демоградски трендови, предизвици и можни решенија“, премиерот Христијан Мицкоски најави мерки и борба против падот на населението и наталитетот во државата, како и бирка против масовното иселување.

„Се раѓаат помалку деца, населението старее, а младите се во потрага на подобар живот надвор од границите. И ние не сме исклучок, но нашата состојба е посебна. Додека некои држави ја забележуваат како тренд, кај нас се смета како аларм“, рече Мицкоски, и додаде.

„Се надевам министерке Јаневска дека оваа година во читанките нема да биде јас, мама и тато, туку ќе биде јас, мама, тато, бато и дада“, изјави Мицкоски пред присутните во Влада.

Премиерот најави дополнителни мерки и политики за зголемување на наталитетот.

„Знаеме дека нема магично решение, но има постојана борба, и ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја политика е со цел да ја вратиме вербата, и размислуваме дополнителни даноци за немажени и неженети. Нема ништо посвето од животот, и нема ништо потажно од тоа дека нашата држава се празни. Но, нема ништо похрабро од народ што се буди. Затоа велиме дека е време за иднина, време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, повеќче млади да стапуваат во брак и да се раѓаат повеќе деца, а оние кои се иселени да се вратат. Едгар Моран рекол: Демографијата не е судбина, туку огледало. Прашањето е што ќе видиме во него, и дали ќе имаме храброст да дејствуваме“. Ние веќе гледаме и веќе дејствуваме, затоа што доаѓа времето на народот и граѓаните, и тоа нема да биде време на заминување, туку на враќање, не на тишина, туку на нови гласови, не на исчезнување, туку на раѓање“, изјави Мицкоски.

Поврзани вести