Skip to main content

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција се во постапка, случаи кои со години биле затскриени

Владата ја одржа конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело за кое премиерот Христијан Мицкоски истакнува дека не е формалност, туку јасна и недвосмислена порака дека државата конечно застанува цврсто, системски и бескомпромисно против криминалот и корупцијата.

Оваа Влада ја почна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела. Во моментов повеќе од 50 предмети за висока корупција се во постапка, случаи кои со години биле затскриени, одложувани или игнорирани. Но, ова не е крај, туку почеток. Очекуваме отворање на нови случаи, темелни истраги и резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во државата и институциите“, истакнува премиерот Хртитијан Мицкоски.

Тој додава дека „јасно и гласно сака да порача дека нема селективна правда, нема заштитени, нема недопирливи.

Мицкоски истакнува дека украденото мора да се врати кај народот.

Денес поставуваме темели на систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединци.

Ова е борба за правна држава.

Ова е борба за доверба.

Ова е борба за достоинството на граѓаните.

И во таа борба, нема да отстапиме“, порачува Мицкоски.

Поврзани вести